Џака одбил вакцина пред да биде позитивен на Ковид-19

408

FOTO> Twitter/European Qualifiers

Швајцарската фудбалска асоцијација потврди дека репрезентативецот Гранит Џака одбил да се вакцинира за Ковид-19 пред да добие позитивен тест на вирусот. Играчот на Арсенал е во изолација и не му е на располагање на селекторот на Швајцарија, а шефот на ФА на Швајцарија Адриан Арнолд потврди дека Џака е еден од фудбалерите кои не сакал да прими вакцина против Ковид-19.

Гранит Џака не е вакциниран. Ние од ФА им препорачавме на фудбалерите да се вакцинираат, но мораме да кажеме дека таа е доброволна и секој фудбалер, како и секој граѓанин на Швајцарија одлучува дали ќе ја прими. Тој смета дека нема потреба да се вакцинира и тоа е негово право. Сите други играчи во репрезентацијата се или вакцинирани или го прележале вирусот, па од медицинска гледна точка се безбедни. За среќа имаме висок процент на вакцинирани луѓе, за жал Џака го „закачи“ вирусот. Од спортска гледна точка ова е удар за нас во важните моменти за репрезентацијата“, вели Арнолд.

Веста за позитивниот тест на Џака е потврдена на истиот ден кога ФА на Швајцарија ги повика фудбалерите во домашното првенство, тренерот, официјалните лица и волонтерите да се вакцинираат против Ковид-19.

Џака не беше во составот на Швајцарија на дуелот со Грција на 1 септември, а ќе го нема и за септемвриските дуели со Италија и со Северна Ирска во квалификациите за СП 2022.

ЦЕЛАТА ВЕСТ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ

ПретходноЃоковиќ лесно против Грикспор за влез во третото коло на УС Опен
СледноИталија не ја победи Бугарија, но го изедначи светскиот рекорд по мечеви без пораз!