Во Далас ќе игра уште еден Словенец

281

Словенечкиот кошаркар, Горан Драгиќ е на чекор да потпише за Далас. Мајами по завршувањето на сезоната го испрати Драгиќ во Торонто, тој ја прифати одлуката, но веднаш потенцираше дека не сака да биде дел од овој тим.

Драгиќ се очекува наскоро да му се приклучи на својот пријател и сонародник Лука Дончиќ, како и на Бобан Марјановиќ. Торјцата заедно ќе бидат префектно балканско трио.

Иако има 35 години, тој и натаму има што да понуди, минатата сезона имаше просек од 13,4 поени по меч.

Во Мајами мина шест години, играше за Феникс и Хјустон во НБА-лига, додека во Европа настапуваше за Басконија, Унион Олимпија…

ПретходноСЕХА идеален тим: Периќ прогласен за МВП, Бабиќ за најдобар тренер
СледноМанасков и Веспрем го бранат СЕХА-тронот во Задар