Националите летнаа за Рејкјавик! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

195

Репрезентативците на Македонија, се разбира заедно со стручниот штаб и дел од раководството на ФФМ, предмалку летнаа за Рејкјкавик. Исланд е далеку, со чартерот ги чека лет од најмалку пет часа, па така се очекува да пристигнат во Рејкјавик доцна вечерва.

Познато е дека Македонија во меч од 5.коло во квалификациите за СП, во недела му гостува на Исланд. Натпреварот започнува од 18 часот по македонско време. Да се надеваме дека во недела нашата репрезентација ќе одигра подобро од вчера и ќе успее да дојде до трите бода. Познато е дека Кире Маркоски доби дополнителен повик од страна на селекторот Благоја Милевски.

ПретходноКудев и Николовски на отстапница во Кит Го!
СледноНишто од Верона, Рибери се договори со друг тим од Серија А