Турски Фенербахче ги засили своите редови со двајца квалитетни фудбалери кои доаѓаат од германската односно австриската Бундес лига. Нови членови на истанбулскиот клуб се играчот од средниот ред Макс Мајер кој доаѓа од Келн и потпиша договор до 2023 година и фудбалерот од нападот Мерџим Бериша кој доаѓа од Салцбург и потпиша договор до 2025 година.
Мајер пред да дојде во Келн на почетокот на 2021 година играше за Кристал Палас и за Шалке. Инаку има и четири настапи за А селекцијата на Германија.
Бериша е поранешен младински германски репрезентативец, а освен за Салцбург играше како позајмен во ЛАСК, Магдебург, Алтах и Лиферинг.