ФИФА покренува истрага за расизам на унгарските фанови!

232

Според пишувањето на медиумите во Англија, ФИФА ќе покрене истрага за наводен расизам на унгарските фанови на синоќешниот натпревар од квалификациите за СП, меѓу Унгарија и Англија. Мечот заврши со победа на гостите од 4:0, но според медиумите од Островот, имало непријатни сцени на трибините на “Пушкаш Арената“ во Будимпешта. Според нив расистички навреди имало кон репрезентативците на Англија, Рахим Стерлинг и Џуд Белингам.

Инаку ова нема да им биде првпат на унгарските навивачи вакво нешто, имено пред извесно време УЕФА ја казни Унгарската федерација со три меча пред празни трибини поради расизам и хомфобија.

Утринава со изјава се јави и премиерот на В. Британија Борис Џонсон кој го осуди ваквото однесување на фановите на вчерашниот натпревар.

ПретходноВенгер не е загрижен: Арсенал сезоната ќе биде во врвот на табелата
СледноВардар своите мечеви во ВМФЛ – ЗАПАД како домаќин ќе ги игра на Арената!