Италијанките се нови европски шампионки во одбојка

155

Репрезентацијата на Италија е освојувач на женското Европско првенство откако вечерва во финалето во преполната „Штарк арена“ во Белград ја совлада репрезентацијата на Србија со 3:1. Србинките кои го бранеа златото го добија првиот сет со 26:24 меѓутоа ги загубија следните три 22:25, 19:25 и 11:25.

Паола Егону играше маестрално и едноставно ја водеше Италија до овој успех. За „Аѕурките“ ова е трета европска титула, а прва по 2009 година.

Третото место го освои Турција по триумфот над Холандија со 3:0 во сетови.

 

ПретходноТФТ потврди: Костоски е наш нов играч
СледноУкраина остана енигма за Французите, Хрватите со гол во финишот славеа во Братислава (видео)