Прва победа на Металург во Атина, совладан Диомидис Аргос

116

Во рамките на второто коло на меѓународниот турнир “Андреас Папастаматис“, што се игра во Атина, Металург го совлада грчкиот Диомидис Аргос, со 31:29 (15:14).

Првото полувреме мина во рамноправна игра, но сепак заврши со минимална предност на тимот од Автокоманда, 15:14.

Во вториот дел Металург повторно беше подобар од својот противник, па имаше предност од 4 гола, 22:18, и 6 гола, 29:23. На крајот, заслужена победа на Металург, со конечни 31:29.

Металург и на овој натпревар настапи без браќата Њокас.

Хорват постигна девет гола и беше најефикасен кај македонскиот тим, а следуваше Озтурк со 5.

Турнирот ќе заврши утре, со натпреварите од третото коло во кое Металург ќе се сретне со домаќинот на турнирот – тимот на АЕК. Во првото коло „металурзите“ беа поразени од Анортосис.

Металург: Дупјачанец, Бардаковски, Брестовац, Петров (3), Маркоски, Петковски (4), Хорват (9), Рибеиро (4), Лазаревски (3), Озтурк (5), Митиќ, Каковски, Кофилоски (1) и Мане (2).

ПретходноПријателска во Кратово: Силекс ремизираше со Осогово!
СледноТ.Пролет победнички се одјави од Европа