ТФТ потврди: Костоски е наш нов играч

443

Александар Костоски само неколку дена по разделбата со Гостивар најде нов клуб.

Поранешниот македонски репрезентативец се договори со ТФТ, кој во новата сезона го очекува голем предизвик. Покрај домашните обврски ќе настапува во БИБЛ лига и во ФИБА Еврокупот.

Дека Костоски ќе биде дел од ТФТ клубот потврди на една објава на социјалните мрежи.

Искусниот плејмејкер три години беше дел од Гостивар, поради семејни причини го раскина договорот со овој клубо.

ПретходноХавиер Пасторе потпиша за Елче!
СледноИталијанките се нови европски шампионки во одбојка