Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ граби кон нова титула на УС Опен. Чекор по чекор српскиот ас ги искачува скалилата кои водат до трофејот, а вечерва го совлада најдобриот јапонски тенисер Кеи Нишикори со 3:1 во сетови и со тоа се пласира во осминафиналето.
Ноле го загуби првиот сет во тајбрејкот, меѓутоа во вториот го пронајде ритамот и го надигра противникот со што го изедначи резултатот 1:1 (6:3 во сетот). И во третиот сет Новак беше надмоќен и за 55 минути го доби со 6:3. Нишикори падна во играта, а Ѓоковиќ како искусен „волк“ го зададе последниот удар и го победи противникот (6:2 во четвртиот сет за нешто повеќе од 40 минути игра).
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра со поробриот од дуелот Аслан Карацев и Џенсон Броксби.