Барди: Многу работи утре ќе зависат и од нас!

185

Енис Барди, играчот од средниот ред на македонскиот национален тим на денешната прес-конференција во Рејкјавик пред дуелот со Исланд, кажа дека многу работи ќе зависат и од Македонија, и дека сите фудбалери имаат желба да дојдат до победа.

„Треба да се фокусираме на нашите работи, и тоа што се договориме да го изнесеме на терен и да дадеме се од себе. Исланд е многу силен противник, но многу работи ќе зависат од нас. Мораме да бидеме 100% концентрирани, и да има желба тоа не се сомневам и да одиме на победа“, рече Барди.

Фудбалерот на Леванте кажа дека после настапот на ЕП, нема притисок, но има желба и гладни се за успех, овој пат да донесат на селекцијата пласман на Мундијалот.

„Тоа што го направивме во минатото стои, тоа е историја. Фудбалот е таков спорт што треба да се докажуваш секој ден, и секој натпреар треба да се даде максимум. Посебно кога сме во репрезентацијата се очекува добри резултати и добри мечеви. Не гледам ниту кај мене, ниту кај играчите притисок. Многу сме гладни да успееме, и имаме многу да дадеме што може да даде за да направиме уште еден успех“, изјави Барди.

ПретходноМилевски: Ќе пробаме да бидеме подобри, утре нѐ чека тежок и неизвесен меч!
СледноВоска Спорт во 90.минута испушти победа против Пелистер!