Барселона му постави неверојатни услови, Куман ги прифати!

1201

Роналд Куман ја доби поддршката од раководството на Барселона за оваа сезона, а на големо се зборува дека може да ја продолжи соработката.

Тој од првите луѓе на каталонскиот гигант ги добил условите под кои може да добие нов договор, истите делуваат неверојатно.

Резултатите нема да бидат доволни, тој во составот треба да ги врати „отпишаните“ фудбалери. Ова се однесува на Самуел Умтити и Рики Пуиг, кои сега мораше да ги врати во тимот.

Исто така од него се бара тимот да игра во фромација 4-3-3, челниците сакаат да гледаат актрактивен фудбал, а придонес да имаат младите фудбалери. Клупското раководство верува дека покрај Педри и Ансу Фати, Барселона може да извади уште неколкумина кои би биле сериозен влог за иднината.

Куман е подготвен да прифати се што му е наложено, нема да биде чудо ако раководството почне да се меша и во стартната постава.

ПретходноУште една сензација на УС Опен: Тинејџерка ја спакува Осака (ВИДЕО)
СледноЦиципас: Не сум видел вакво нешто!