„Бомба“ од Париз: ПСЖ тргнува по Халанд и Погба!

1082

Реал Мадрид и ПСЖ и дефинитивно се во “војна“, тука нема дилеми. Се она што се случуваше со Килијан Мбапе и тоа како ги налути шеиците од Катар, кои се чини дека ни за 500 милиони евра немаше да го пуштат Мбапе во Реал ова лето. Тој следното лето ќе оди во Мадрид како слободен играч и “светците“ нема да заработат ниту евро од него.

Сепак Насер Ел– Келаифи, првиот човек на ПСЖ нема така лесно да му прости на Флорентино Презе. Како прво тој по секоја цена ќе се обиде да го натера Мбапе да потпише нов договор со важност се до 2024 година. Првата понуда Мбапе пред неколку денови ја одби, а таа вредеше 45 милиони евра годишно нето плата. Оние кои го знаат Келаифи велат дека тој никогаш не се откажува. Затоа Перез не треба да се радува предвреме декка следното лето ќе го има Мбапе за без пари.

Во случај младиот напаѓач сепак да стане “крал“, е тогаш ПСЖ со сите сили ќе тргне по Ерлинг Халанд и Пол Погба.

Факт е дека тие двајца се во плановите на Перез за следното лето, но ПСЖ има адут повеќе во ракавот, а тоа е дека има повеќе пари. И дека Келаифи за инает ќе сака да му го расипе планот на Перез, со тоа што на двајцата ќе им понуди фантастични услови само да дојдат на “Паркот на принцовите“.

Во секој случај супер интересно ќе биде следниот летен преоден рок во Европа.

ПретходноУЕФА против ФИФА: Чеферин сериозно е загрижен од плановите на Инфантино!
СледноПерез на Мбапе му спрема 30 милиони евра годишно и 80 милиони само за потпис!