Воска Спорт – Пелистер 2:2.Тоа е епилогот на денешната пријателска средба на стадионот во Грашница. Интересен меч во кој лидерот во ВМФЛ – ЗАПАД одигра уште една добра партија, и тоа против прволигашот од Битола. Првиот дел заврши без голови 0:0. Во второто полувреме гостите поведоа со голот на Сулејмани, но Воска Спорт со головите на Благојче Истатов и Мергим Дани направија пресврт, и кога се чинеше дека четата на стратегот Раде Цицмиловиќ ќе забележи победа, Борче Маневски во последните секунди од средбата успеа да постигне гол за конечни 2:2 и да го спаси Пелистер од пораз.
Да кажеме и тоа дека во второто полувреме, за Воска играше вториот тим.