Гордана Нацева потпретседателка на Комисијата за родова еднаквост во спортот

515

ФОТО: rkvardar.mk

На последниот состанок на Работната комисија за родова еднаквост во спортот, за потпретседателка на комисијата едногласно беше избрана докажаната спортистка и спортска работничка Гордана Нацева.

Комисијата за родова еднаквост во спортот наскоро ќе ја претстави својата програма и план за работа за 2022 година која е креирана на основа на потребите и барањата на спортистките и сите жени вклучени во спортскиот сектор.

Комисијата ќе даде поддршка и активно ќе се вклучи во претстојните обуки и градење на капацитети на спортските национални федерации на тема унапредување на еднаквост и родова застапеност во структурите на спортските субјекти, организирани од Олимпискиот Комитет и Хелсиншкиот Комитет за човекови права.

ПретходноПријателска во Корча: Добра партија на Струга ТЛ, Скендербег се спасуваше од пораз!
СледноМладите репрезентативци патувале 7 часа до Охрид!