Поранешниот репрезентативец на Португалија Бруно Алвеш е нов член на грчкиот суперлигаш Аполон Смирнис. Централниот бек има 39 години, а во ноември ќе заокружи 40, одлучи да продолжи да игра, а се враќа во грчкиот шампионат по 16 години. Тогаш играше една сезона за АЕК Атина.
Инаку Алвеш беше член на селекцијата на Португалија која триумфираше на Европското првенство во 2016 година, а за националниот тим одигра 96 натпревари. На клупски план, почна во Порто, потоа играше за Виторија Гимараеш, АЕК Атина, па Зенит, Фенербахче, Каљари, Ренџерс, Парма, на 1 јули потпиша за Фамаликао но по две недели го раскина договорот.