Лукаку: Му благодарам на Интер, ме извлече од г*мна

479

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку зборуваше за трансферот од Интер во Челзи, но и за неславниот период во Манчестер Јунајтед во кој практично се мачеше па мораше да си замине. Спасот го најде на „Меаца“ во дресот на Интер каде што повторно ја врати формата, а тоа му овозможи трансфер во поранешниот клуб Челзи.

Дека Челзи беше сериозно заинтересиран разбрав дури кога ја испратија третата понуда. Прво нудеа 100 милиони, потоа 105 милиони и Маркос Алонсо, а потоа стигнаа 110 милиони и Давиде Запакоста, но Интер ги одби. Не сакав да ја расипам атмосферата затоа што со главата веќе не бев во Милано. По еден тренинг отидов кај шефовите и им кажав „Ве молам склучете договор“. Искрено се мислев. Не сакав да заминам така што ќе им забијам нож во грбот. Сепак, тие ме извлекоа од г*мната во кои се најдов. Бев во дупка во Манчестер Јунајтед, тоа сите знаете“, раскажа Белгиецот.

На крајот Интер ја прифати понудата на Челзи и Лукаку отиде на „Стемфорд Бриџ“. А навивачите не му го заборавија потегот и му испратија писмо.

„Те штитевме како син и мислевме дека си еден од нас, но ти докажа дека си како сите други – се спушти на колена поради пари. Ти сакаме се најдобро иако алчноста не се исплати секогаш“, беше пораката на навивачката група „Курва Норд“.

ПретходноТајмаутот на српскиот селектор е хит: Вие сте за мене шампионки, кој ги е*е (видео)
СледноЃоковиќ преку Нишикори до осминафинале на УС Опен