Последна подготовка за победа: Три бода се „полна капа“ од ладниот Исланд (ФОТОГАЛЕРИЈА)

387

Македонскиот национален тим во ладниот Исланд, на стадионот Лаугардалсвелур, го одржа последниот, официјален тренинг пред утрешната пресметка со Исланѓаните.

Ладно е во Рејкјавик, тоа покажуваат и овие фотографии, а селекторот Благоја Милевски дури мораше да стави и капа на главата, а повеќето играчи беа со долги ракави. Така топлото Скопје го заменија со ладниот Рејкјавик, но тоа ќе се заборави ако утре се освојат трите бода.

Тие се императив, и ќе бидат многу важни во битката за првите две места во квалификациите за Мундијалот во Катар.

ПретходноТ.Пролет победнички се одјави од Европа
СледноВака Исланд би требало да игра утре против Македонија (ФОТО)