Пријателска во Корча: Добра партија на Струга ТЛ, Скендербег се спасуваше од пораз!

410

Вечерва во Корча, тимот на Струга Трим Лум во пријателски меч одигра 1:1 со тимот на Скендербег, еден од најдобрите клубови во Албанија. Момците на стратегот Срѓан Захариевски, според извештаите од Корча, одиграле навистина добро, имале и водство од 1:0 со голот на Адеми. Сепак домашниот состав во финишот на оваа контролна средба успеал да израмни и да се спаси од пораз.

Интересно е тоа што денеска Струга Трим Лум, односно две екипи на овој тим одиграа два пријателски меча. Прво денеска рано попладне во  Велешта беше 1:1, а еве и вечерва во Корча со исти 1:1 заврши натпреварот на гости кај Скендербег.

ПретходноСрбија и Русија сигурни, Словенија на „мускули“, Халанд не запира (ВИДЕО)
СледноГордана Нацева потпретседателка на Комисијата за родова еднаквост во спортот