Пријателска во Кратово: Силекс ремизираше со Осогово!

378

 

И Силекс попладнево одигра пријателска средба, и тоа со Осогово на својот стадион во Кратово. Натпреварот на крајот заврши без победник 1:1. Кратовци поведоа со голот на Љамалари, а Осогово израмни со автоголот на еден домашен фудбалер. Според зборовите на тренерот на Силекс, Горазд Михаилов, овој пријателски меч беше шанса за оние играчи кои досега немаа поголема минутажа во првиот тим да покажат во каква форма се и дали може да се смета на нив на следните мечеви.

Да кажеме дека следната сабота тимот на Силекс, во меч од 3.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, се среќава со Охрид на негов терен.

ПретходноСи заминува еден од создавачите на шампионскиот Ливерпул
СледноПрва победа на Металург во Атина, совладан Диомидис Аргос