Мохамед Салах ќе заигра сепак во овој серијал мечеви за националниот тим на Египет. Иако кога „Фараоните“ играат на домашен терен, тоа не е дозволено за Салах, со оглед на фактот што оваа земја се наоѓа во црвената „Ковид“ зона и при враќањето на Островот од дома би одлежал десетндевен карантин, сега Египет гостува кај Габон па ситуацијата се менува. Оваа држава има поинаков Ковид статус, од таму не е потребен карантин, па Салах му се приклучи на националниот тим.
Ливерпул се противеше на овој потег на својот играч затоа што на крајот на минатата година, Салах токму по настапот за Египет беше позитивен и мораше да одуствува две седмици.