Македонската репрезентација до 21 година од Скопје допатува во Охрид каде што ќе трена да го одиграат квалификацискиот меч со Србија. А експедицијата се „измачила“ да стигне до нашиот најголем туристички центар затоа што патувале речиси 7 часа со автобус. Причината за долгото патување била тешката сообраќајна несреќа кај Стража во која учествувале три возила, а има седум повредени и едно загинато лице, па неофицијално, патниот правец бил затворен за сообраќај дури три и пол часа.
Младата селекција по убедливот пораз од фаворитот Франција сега се спрема за мечот со Србија на кој ќе се обиде да победи и да го поправи впечатокот.