Спортскиот директор на Ливерпул, Мајкл Едвардс, се одлучи да си замине од редовите на „црвените“ по крајот на оваа сезона.
41-годишниот Едвардс на позицијата спортски директор на Ливерпул од ноември 2016 година, а во клубот е веќе 10 години.
Едвајрдс е еден од заслужните за враќањето на Ливерпул на тронот на англискиот фудбал во 2020 година. Тој беше заслужен за сите трансфери во изминатите пет години.
Мајкл ги завршил сите работи на „црвените“ и ги донесе на „Енфилд“ играчите како Салах, Ван Дајк, Мане, Алисон…