Во 18 часот се одиграа неколку квалификациски натпревари за пласман на Светско првенство, низ кои беа постигнати очекувани резултати на сите терени, освен во Ирска, каде домашната селекција се спаси од пораз во финишот од Казахстан (1:1).
Србија на свој терен со 4:1 ја совлада селекцијата на Луксембург. Два гола постигна Митровиќ, еден автогол, и еден Миленковиќ.
Словенија важеше за голем фаворит против Малта, но победи само со 1:0 и тоа со гол од пенал. Русија на гости ја совлада селекцијата на Кипар, додека Норвешка со 0:2 беше подобра од Летонија. Еден гол постигна Ерлинг Халанд кој продолжува со својата серија на голови.