Т.Пролет победнички се одјави од Европа

154

Т.Пролет и официјално ја заврши својата европска авантура. За разлика од првиот дуел против шпанскиот тим на кој беше убедливо совладан со 36-21, избраниците на Андон Бошковски денеска одиграа подобар меч.

На крајот се простија со победа, на реваншот против Грањолерс во рамките на квалификациите во Европската лига славеа со 27-29.

Домаќинот беше опуштен, поради позитивата од 16 гола разлика од првиот меч. Дрежеше ритам во првото полувреме, во кое имаше предност од пет гола (13-8), на полувремето само два (14-12), а потоа на сцена настапи македонскиот тим.

Пролет со серија од 5-0 поведе со 20-23, а потоа и со највисоки 21-26. До крајот успеа да го задржи водството и да дојде до триумф.

Аларов со седум гола од осум обиди беше прв стрелец, по четири гола имаа Палевски, Џонов, Пецаковски и Голубовиќ.

ПретходноПрва победа на Металург во Атина, совладан Диомидис Аргос
СледноПоследна подготовка за победа: Три бода се „полна капа“ од ладниот Исланд (ФОТОГАЛЕРИЈА)