Украина остана енигма за Французите, Хрватите со гол во финишот славеа во Братислава (видео)

247

ФОТО: European Qualifiers

Репрезентацијата на Украина одигра 1:1 против селекцијата на Франција во 5. коло од квалификациите за СП 2022. Мечот се одигра на Олимпискиот стадион во Киев, а Украинците водеа со дебитантскиот гол на Шапаренко, додека во второто полувреме изедначи Антони Марсијал.
Инаку Украина остана непоразена од Франција во Киев. Со вечерашниот меч Украинците имаат една победа, а три меча завршиле нерешено.
А Французите по ремито со Бугарија сега одиграа реми и со Украина, па по пет одиграни кола се лидери со 9 бода четири помалку од Финска која има одиграно три меча. Украина е трета со пет бода од пет нерешени.

Во Братислава на стадионот „Техелне поле“ играа Словачка и Хрватска. „Коцкастите“ победија со гол на Марсело Брозовиќ во 86. минута. Па така по ремито со Русија, Хрватите освоија три важни бода во походот по првото место во групата Х.

Израел ја „раскости“ Австрија на свој терен со 5:2. Повторно блескаше Еран Захави, новиот рекордер по број на голови за репрезентацијата на Израел кој вечерва постигна два гола. Израел е втор на табелата во групата Х зад лидерот Данска.

РЕЗУЛАТИ
ФИНСКА – КАЗАХСТАН  1:0
КИПАР – РУСИЈА              0:2
ИРСКА – АЗЕРБЕЈЏАН    1:1
ЛЕТОНИЈА – НОРВЕШКА              0:2
СЛОВЕНИЈА – МАЛТА    1:0
СРБИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 4:1
ФАРСКИ ОСТРОВИ – ДАНСКА    0:1
ГИБРАЛТАР – ТУРЦИЈА 0:3
ИЗРАЕЛ – АВСТРИЈА      5:2
ХОЛАНДИЈА – ЦРНА ГОРА          4:0
ШКОТСКА – МОЛДАВИЈА            1:0
СЛОВАЧКА – ХРВАТСКА                0:1
УКРАИНА – ФРАНЦИЈА 1:1

ПретходноИталијанките се нови европски шампионки во одбојка
СледноТајмаутот на српскиот селектор е хит: Вие сте за мене шампионки, кој ги е*е (видео)