Карлос Алкараз го еломинираше грчкиот тенисер, Стефанос Циципас во третото коло на УС Опен, совладувајќи го со 3-2. 18-годишниот Шпанец е најмладиот осминафиналист на грен-слем од 1992 година наваму.
По мечот, грчкиот тенисер испрати комплименти на сметка на Алкараз.
„Никогаш не сум видел досега некој толку силно да го удира топчето. Не очекував дека толку добро може да одигра во петтиот сет, играше како да е прв. Има игра да биде врвен играч кој ќе освојува големи турнири“, изјави Циципас.
Следен противник на Алкараз е 141-виот на светот, Германецот Петер Гојовчик.
ФОТО: УС ОПЕН/Твитер