Убав и интересен пријателски меч попладнево на Алумина меѓу Вардар и Македоинија ЃП. Иако имаше неколку шанси на двете страни, сепак првиот дел заврши без голови. Во 60.минута вардарци поведоа со голот на Дејан Блажевски од пенал. Во 84.минута Ристе Илијоски со убав шут со глава успеа да го зголеми водството на Вардар. Сепак “лавовите“ се спасија од пораз. Прво намалија во 89.минута, за да потоа Адем во 90+3.минута од пенал ги постави конечните 2:2.