ФОТО: rkvardar.mk
На последниот состанок на Работната комисија за родова еднаквост во спортот, за потпретседателка на комисијата едногласно беше избрана докажаната спортистка и спортска работничка Гордана Нацева.
Комисијата за родова еднаквост во спортот наскоро ќе ја претстави својата програма и план за работа за 2022 година која е креирана на основа на потребите и барањата на спортистките и сите жени вклучени во спортскиот сектор.
Комисијата ќе даде поддршка и активно ќе се вклучи во претстојните обуки и градење на капацитети на спортските национални федерации на тема унапредување на еднаквост и родова застапеност во структурите на спортските субјекти, организирани од Олимпискиот Комитет и Хелсиншкиот Комитет за човекови права.