Раиконен “закачи“ корона, нема да вози на ГН на Холандија!

118

Кими Раиконен, возачот на Алфа Ромео на последните тестирања се покажа дека е позитивен на Ковид-19, па така тој не ќе може да вози на ГН на Холандија која се одржува викендов. Да потсетиме дека Финецот најави дека по завршувањето на оваа сезона во Формула 1, тој ќе стави крај на својата долга и успешна кариера.

Тој е веќе во изолација во хотелската соба, нема некои посебни симптоми и се чувствува добро.

Место него за Алфа Ромео овој викенд ќе вози Роберт Кубица.

ПретходноФазлагиќ: Против Србија играме дома, пред нашите фанови, одиме по бодови!
СледноЧудото од дете по трансферот во Реал со подароци за сите вработени во екс-тимот