По она што беше со Ерменија, во мечот на кој што нашата репрезентација одигра 0:0, веќе утре избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги одмерат силите против Исланд. Натпреварот започнува во 18 часот.
За утрешниот дуел свој коментар има Стефан Спировски…
“Го даваме максимумот за црвениот дрес. Мечот со Ерменија беше прв за нас со новиот селектор Благоја Милевски. Мислам дека добро се прилагодивме на неговите идеи и замисли. За жал не ги искористивме шансите за победа, но затоа сме тука во Исланд, каде ќе се обидеме да го надополниме загубеното.
Групата Ј е израмнена, да ја тргнеме настрана Германија и за тоа второ место имаме сите останати шанса. Овој меч со Исланд е добра шанса со три бода да ја стигнеме Ерменија и да дојдеме второто место кое носи бараж“ истакна играчот за врска на нашата репрезентација.