Александар Костоски само неколку дена по разделбата со Гостивар најде нов клуб.
Поранешниот македонски репрезентативец се договори со ТФТ, кој во новата сезона го очекува голем предизвик. Покрај домашните обврски ќе настапува во БИБЛ лига и во ФИБА Еврокупот.
Дека Костоски ќе биде дел од ТФТ клубот потврди на една објава на социјалните мрежи.
Искусниот плејмејкер три години беше дел од Гостивар, поради семејни причини го раскина договорот со овој клубо.