УЕФА против ФИФА: Чеферин сериозно е загрижен од плановите на Инфантино!

342

Се чини дека допрва следува битка меѓу УЕФА и ФИФА, меѓу Александер Чеферин и Џани Инфантино. Имено по најавите дека ФИФА сака на секои две години да се игра СП, а тоа го потврди преку најавата на Арсен Венгер кој таа идеја посебно ја истакна во француските медиуми, се огласи и УЕФА.

Првиот човек на Европската куќа на фудбалот, Александер Чеферин смета дека сега не е време за такви експерименти и дека светот се уште во корона – криза. Тој напоменал дека е негативно изненаден од фактот дека УЕФА воопшто не била консултирана по ова прашање.

Инаку ФИФА и Инфантино како прв човек, посакуваат Мундијалите место на секои четири, да се играат на секои две години. На турнирот кој ќе трае пет недели да има 24 селекции, но за тоа да се разговара после СП во Катар 2022 година.

ПретходноБачка Топола има тоа што нашите клубови може да го сонуваат!
Следно„Бомба“ од Париз: ПСЖ тргнува по Халанд и Погба!