И во женска конкуренција на УС Опен се случи сензација, и тоа не било каква. Бранителката на титулата на Наоми Осака го заврши настапот во Њујорк, а главен виновник за тоа е тинејџерката Лејла Ени Фернандез.
18-годишната тенисерка ја совлада големата фаворитка со 2-1 по сетови (5-7, 7-6, 6-4). Фернандез го загуби првиот сет со 5-7, но ништо не најавуваше дека се подготвува сензација, ниту откако го освои и вториот сет (7-6). Во последниот решавачки сет, Осака загуби на свој сервис, а шпанската тенисерка поведе со 3-1, не и дозволи на искусната противничка да се врати за голема сензација на УС Опен.
mood in Ashe: pic.twitter.com/9zizx6VMYF
— US Open Tennis (@usopen) September 4, 2021
По овој пораз Осака најави повлекување и одмор.
„Се чувствувам дека дојдов до тој дел од животот кога мора да расчистам што сакам да правам понатаму. Искрено не знам кога ќе го одирам следниот меч, мислам дека ќе направам пауза“, изјави Осака.
ФОТО: УС ОПЕН/Твитер