Фазлагиќ: Против Србија играме дома, пред нашите фанови, одиме по бодови!

332

Младата репрезентација на Македонија до 21. година по поразот од Франција се подготвува за тоа што следува. За претстојниот квалификациски дуел со Србија. Мечот се игра на 7 септември на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид.

Енис Фазлагиќ, фудбалерот на Жилина, е еден од клучните играчи во нашиот национален тим, за мечот со Србија покрај другото вели дека и тој и сите негови соиграчи ќе имаат големи мотиви.

Со Франција одигравме под очекувањето. Сепак тоа е минато. Сега сите сме со мислите кон тоа што претстои, кон дуелот со Србија. Овој натпревар ќе биде многу поразличен од оној со Франција. Играме дома, на свој терен, пред нашите фанови. Тоа е голем мотив за сите нас во младата репрезентација да одиграме како што знаеме и да освоиме бодови“ вели Фазлагиќ.

За новиот селектор Драган Канатларовски, Фазлагиќ има само пофални зборови.

Имаме одлична комуникација со новиот селектор, иако имавме сосема малку време да се запознаеме и подготвиме за овие два меча. Тој постепено не запознава со неговите идеи и замисли и многу верува во нас. Може да очекуваме само подобра Македонија во иднина“ заврши играчот за врска на нашата млада репрезентација.

ПретходноПролет се одјавува од Европа
СледноРаиконен “закачи“ корона, нема да вози на ГН на Холандија!