Јунајтед од секој продаден дрес заработува минимално

370

Тимот на Манчестер Јунајтед успеа за своето ново засилување, Кристијано Роналдо да издејствува промена на правилата и на сред сезона да му дозволи да го преземе бројот седум од Едисон Кавани. Секако, се во насока маркетинскиот момент да биде што поуспешен и да може да се продадат што повеќе дресови со името и бројот на Кристијано Роналдо.

Од друга страна пак, целиот свет го интересира колку тоа всушност клубот заработува од продажбата на дресовите, а математиката е следна.

Според договорот, еден дрес во клупскиот фан што чини 60 фунти, а од тоа на Манчестер Јунајтед му прикаѓаат само 7% или 4.20 фунти. Се останато оди за производителот Адидас.

Па така, на глобално ниво, ќе треба да се продадат сериозен број на дресови, за да клубот може дел од примањата на Роналдо да ги покрие преку овој детал, но никој не се сомнева всушност дека на крајот, Јунајтед од доведувањето на Роналдо ќе биде во плус.

 

ПретходноФалкао ќе игра за Рајо Ваљекано
СледноСалах и се приклучи на репрезентацијата на Египет