Еве проблеми: Од нигде никаде, Исланд стигна до 1:2 (ВИДЕО)

1566

Во миговите кога се чинеше дека Македонија ја има контролата на натпреварот, на топката, во миговите кога требаше само да се одржи водството, Исланд намали и донесе проблеми.

Бјарнасон погоди во 78. минута по испуштената топка од Димитриевски, откако Исланд се закани од слободен удар од повеќе од 30 метри.

Димитриевски како да се мислеше дали да фаќа или да одбива, па користи Бјарнасон. Сега е само еден разлика за Македонија.

Претходно на Исланд му беше поништен гол поради офсајд.

 

ПретходноМакедонија блиску до победа во Исланд: Алиоски за 0:2 (ВИДЕО)
СледноНе, ова не е можно! Исланд со втор гол до 2:2 (ВИДЕО)