Шпанскиот „Ел Мундо“, еден од водечките спортски медиуми во светот, објави колку вкупно досега ПСЖ потрошил на Нејмар. Од 2017 кога за отштета плати 222 милиони евра, што уште е светски рекорд, па до сега. Да потсетиме дека Бразилецот во ПСЖ дојде од Барса.
Вкупната сума за овие четири години е неверојатни половина милијарда евра.
Покрај тие 222 милиони евра, ПСЖ му дава на Нејмар секоја година по 43,334.400 евра. Ако остане во Париз и шестата сезона, тогаш како бонус ќе добие плус 50,556.117 евра.
Тоа е вкупно близу 490 милиони евра.