Македонската фудбалска репрезентација направи од готово-вересија. Имаше водство од 2:0, сигурна игра, требаше само да го приведеме мечот до крај, меѓутоа се случи спротивното. Се распадна нашата игра како кула од карти. Исланѓаните постигнаа еден гол, веднаш потоа уште еден за реми, па дури се најдовме во ситуација да мислиме и на овој бод. Трајковски можеше да не’ врати меѓутоа ја погоди стативата. Од Исланд место со три бода, си однесовме бод.