Синоќа во Белградската арена беше урнат светскиот рекорд!

2120

Србија иако не успеа да стане европски првак во одбојка за жени, сепак синоќешното финале против Италија беше вистински спектакл. Па така според официјалниот сајт на Европското првенство, синоќа беше урнат светскиот рекорд во бројот на гледачи на еден одбојкарски меч за жени. На трибините на Белградската арена имало вкупно 20,565 фанови кои направија супер атмосфера. Никогаш досега немало толку гледачи на еден женски одбојкарски натпревар.

Досега рекордот изнесуваше 18,516 гледачи и тоа во 2018 година во САД на Универзитетското финале во Канзас меѓу Небраска и Флорида.

Значи сега Белград, поточно арената во главниот град на Србија е светски рекордер.

Секоја чест.

ПретходноВелковски со глава погодува за водство на Македонија (ВИДЕО)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Македонија добро игра и води 1:0, Исланд не го виде голот (ВИДЕО)