Албанија ја совлада Унгарија, Англија има „пет од пет“ (видео)

239

Во другите квалификациски мечеви во попладневниот термин Албанија ја совлада Унгарија со 1:0 во групата И со што стигна до третата победа во петтиот меч. Голот за три бода на Албанците го постигна играчот на Саутемптон Армандо Броха во 87. минута.

Во оваа група лидер е Англија со пет победи од пет натпревари. Денеска „Гордиот Албион“ славеше со 5:0 против Андора. Два гола постигна Лингард, по еден Кејн и Сака.

Бугарија ја победи Литванија со 1:0 со гол на Чочев во 82. минута, а Велс славеше против Белорусија 3:2 благодарение на хет-трик на Герет Бејл.

Другите натпревари се играа вечерва.

ПретходноОд голема победа до мизерен бод…. (ВИДЕО)
СледноСАМОУБИСТВО во Рејкјавик….