Младиот играч на Барселона, Ансу Фати, се очекува да се врати на терен до крајот на овој месец. Тој долго време се опоравува од повредата на левото колено што ја заработи на натпреварот против Бетис пред девет месеци. Сега, фудбалерот ги стартуваше тренинзите, а наскоро се очекува да биде целосно подготвен за игра, пишува „Спорт“.