Беретини преку Ивашка во осминафиналето на УС Опен

115

Финалистот на овогодинешниот Вимблдон и еден од главните фаворити на УС Опен, Матео Беретини, успеа по голема борба и речиси четиричасовен меч да го совлада Белорисон, Илја Ивашка со 3:2 по сетови 6:7(5), 6:2, 6:4, 2:6, 6:3.

Осмиот тенисер на светот така си обезбеди пласман во следната фаза во која ќе се сретне со претставникот на Германија, Оскар Оте, кој пак беше подобар од Андрае Сепи од Италија, со 6:3, 6:4, 2:6, 7:5.

 

ПретходноЛазаров и Нант не застануваат, го освоија и турнирот во Лимож
СледноСтојковиќ: Митровиќ е како Панчев