Велс остана без 13 фудбалери за денешното гостување во Белорусија

456

Фудбалската репрезентација на Велс денеска од 15 часот и гостува на Белорусија во нов квалификациски меч за СП, но практично десеткувана.

На Велшаните на денешниот натпревар ќе им недостасуваат вкупно тринаесет играчи. Повредите, Ковид-19 и проблемите со визите си ја одиграа улогата, селекторот на велшкиот национален тим да остане со половина од ростерот предвиден за овој квалификациски циклус.

Неко Вилијамс и Џо Родон, играчи на Ливерпул и Тотенхем, се надвор од тимот, а Арон Ремзи е повреден. За Велс е голем шок што овие стартери денеска нема да бидат во опција за настап во Белорусија.

На голманот Адам Дејвис му беше дијагностициран позитивен тест за Ковид-19, а напаѓачот Кифер Мур е во карантин затоа што бил во соба со Дејвис.

Главниот играч на селекцијата, Герет Бејл, се повреди на мечот против Финска, но останува да се види дали тој ќе биде подготвен да влета во составот во последен момент.

Претходно10% од жителите на Фарските острови вчера беа на стадион (ВИДЕО)
СледноАко потпише нов договор: Салах ќе стане најплатен фудбалер во историјата на Ливерпул