Во нашата група Ј се одиграа и другите два натпревари.
Се најде репрезентација која ќе ги урне Ерменците кои четири кола не знаеја за пораз. Се држеа ерменските фудбалери со три победи и едно реми, но налетаа на Германците вечерва и во Штутгарт загубија со убедливи 6:0.
Уште по првото полувреме беше решено прашањето околу победникот затоа што „панцерите“ поведоа со 4:0 со два гола на Гнабри и по еден на Ројс и Вернер. Во второто полувреме стрелаа Хофман и Адејеми.
Романците се загреаа за дуелот во Скопје против Македонија кој ќе се одигра во среда. Избраниците на Мирел Радои на Националниот стадион во Букурешт го совладаа Лихтенштајн. По првото полувреме Романците имаа предност од 2:0 со головите на Тоска и Манеа.