Во миговите кога се чинеше дека Македонија ја има контролата на натпреварот, на топката, во миговите кога требаше само да се одржи водството, Исланд намали и донесе проблеми.
Бјарнасон погоди во 78. минута по испуштената топка од Димитриевски, откако Исланд се закани од слободен удар од повеќе од 30 метри.
Димитриевски како да се мислеше дали да фаќа или да одбива, па користи Бјарнасон. Сега е само еден разлика за Македонија.
Претходно на Исланд му беше поништен гол поради офсајд.