Лудница во Холандија: Верстапен победи пред Хамилтон!

230

Макс Верстапен е победникот на патеката во Зандворт, на ГН награда на Холандија. И тоа на задоволство на домашните фанови, кои направија во текот на целата трка величенствена атмосфера. Посебно беше прекрасно да се види како тоа Верстапен минува низ целта, а на двете страни од патеката имаше вистинска “бакљада“, како на фудбалски натпревар.

Илјадници и илјдници холандски фанови беа воодушени и поради фактот дека нивниот миленик заврши пред Луис Хамилтон.

Возачот на Ред Бул буквално во текот на целиот викенд ја покажа сета своја класа, актулниот светски првак со неговиот Мердецес едноставно немаше никакви шанси.

Трет на целта заврши Валтери Ботас, потоа следуваат Гасли, Леклерк, Алонсо, Саинц…

ФОТО: Formula 1 twitter

ПретходноОФИЦИЈАЛНИОТ СОСТАВ: Милевски ги „измеша“ картите, две измени и неколку рокади
Следно„Хет-трик“ на Бејл за победа на Велс над Белорусија (ВИДЕО)