Големото дерби помеѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за СП 2022 нема да се доигра. По седум минути е прекинато од страна на здравствените работници и полицијата која ги избрка четворица Аргентинци поради прекршување на Ковид протоколи. Се работи за играчите кои настапуваат во Премиер лигата и кои немаат право за влез во државата, односно морале да седат во карантин, а не да играат. Така биле правилата…
Тоа ги налути Меси и селекторот Лионел Скалони кои решиле да не играат.
„Ова е срамно. Ова не смееше да се случи. Зарем тука, на теренот… Тука сме три дена и никој ништо не ни побара. А тренираа нормално како сите ние. Ако знаеле за четворицата играчи зошто не ги побараа во хотелот туку сега, за време на натпреварот“, изјави Меси.
Истото праша и Скалони…