Студениот Рејкјавик вечерва ја очекува битката меѓу Македонија и Исланд во новиот квалификациски дуел за СП 2022. Нашите фудбалери веќе два дена се аклиматизираат на условите во градот, а утрово пред попладневната пресметка селекторот Благоја Милевски ги поведе фудбалерите на мала прошетка.
Малку опуштање пред вечерашниот дуел на кој се надеваме дека овие момци ќе го покажат сиот свој квалитет.