Милевски од “втора“ сака деби победа со А-тимот!

335

Доцна попладнево или вечерва, нашата најдобра фудбалска репрезентација се среќава со Исланд, во меч од 5.коло во квалификациската група Ј за пласман на СП во Катар 2022. Тоа што беше со Ерменија, на дебито на новиот селектор Благоја Милевски, беше, и не може да се врати. Ќе треба само да се извлечат некои поуки. Сега е време за нов предизвик, за нов меч. Играме со репрезентацијата која на нејзин терен во Рејкјавик никогаш ја немаме совладано.

Сепак оваа генерација покажала безброј пати дека не и “робува“ на традицијата, дека знае и тоа како да ги “прекрши“ некои пишани или непишани правила.

Селекторот Благоја Милевски вечерва по вторпат ќе ја води Македонија, и ако не успеа да забележи триумф на своето деби, тогаш еве му шанса од „втора“ тоа да го направи.

Секако дека нема да му биде лесно, напротив, но треба да се има верба во него и неговите избраници.

Милевски вчера на пресот истакна дека ќе се даде максимумот за да се победи во Рејкјавик. Дека очекува израмнет дуел, но и тоа дека покрај квалитетите на ривалот, се прашуваат и неговите момци.

Се чини дека е време за победа, поточно деби триумф на нашиот нов селектор.

ПретходноТрадиционално по 9. пат одржана Авицена Женската трка
СледноМилевски ги поведе репрезентативците на прошетка пред денешната пресметка со Исланд (ВИДЕО)