Може ли Загреб до сензација против Веспрем и Манасков?

95

Денеска ќе биде познат освојувачот на десетиот пехар во СЕХА лига. Во Задар се игра финалето, а на теренот ќе ги одмерат силите бранителот на тронот, Веспрем на Дејан Манасков и ППД Загреб. Унгарскиот тим е фаворит по сите параметри, но секогаш има простор за сензација.

ППД Загреб го посака среќата, откако на чуден начин го зема местото на Вардар на оваа завршница, во полуфиналето против Мешков Брест по пенал завршница достигна до финалето. Веспрем го лови четвртиот пехар додека ППД Загреб вториот, најтрофеен останува Вардар со пет титули. Финалето е закажано со почеток во 19 часот, претходно Мешков Брест и Мотор Запорожје ќе се борат за третото место.

 

ПретходноИграчите на Енерџи Котбус пријавија дека им нуделе да местат
СледноТурција како трета среќа за нас на Европското првенство